Мајка им ги напуштила кога Филиз имала само 9 години, а помалите браќа и сестричката, биле речиси бебиња. Оттогаш младото девојче кое и сега има само 20 години, машки го носи светот на своите плеќи. И емотивниот, и финансискиот товар - се’ е во нејзини раце. Но и покрај суровиот живот, Филиз не му се предава на очајот. Таа е достоинствена и упорна девојка и се грижи за останатите деца како вистинска мајка. Внимава на нивното образование, не им дозволува да прават грешки, бескомпромисна е и строга кога доброто однесување е во прашање, зашто нејзин најголем страв е да не си го види семејството растурено, нејзините браќа и сестри да не се откажат од училиште и да не и' бидат одземени од страна на државата. За да го држи семејството заедно, Филиз ги трпи сите непријатности од татко ѝ - алкохоличар и понекогаш мора да се однесува како и нему да му е мајка. Во нејзиниот живот нема место за младост, љубов, копнежи, соништа. Во името на семејството, Филиз ја отфрла секоја прилика што и' се нуди...

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.