Џулс Коб е жена во најдобрите години, таа родила млада и сега нејзиниот син пораснал, па повторно се чувствува подготвена да излегува и да лудува додека не ја стегне 'рбетот, бидејќи телото не ги следи баш најдобро нејзините желби за забава. Друштво во секојдневните циркуси ѝ прават отровната пријателка и сосетка Ели, "цицлестата"и секогаш за забава подготвена Лори, синот Тревис, кој тукушто тргнал на факултет, Грејсон, згодниот разведен сопственик на пабот од другата страна на патот, а тука е и Боби, мажот на Џулс, од кого нема никаква полза бидејќи официјално е бездомник, но барем ѝ е добар пријател сега кога Џулс повеќе не мора да се грижи дали ја мами или не...

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.