Тие биле обични луѓе, вовлечени во најголемиот конфликт во историјата. Со очите на светот свртени кон нив, тие во себе го нашле најголемиот извор на својата сила.
4 јуни, 1944: Апотери, Англија. Откако силните ветрови и слабата видливост го одложуваат нападот на Алијансата на Нормандија, поручниците Ричард Винтерс и Луис Никсон размислуваат за настаните кои довеле до тој ден. Две години порано: во кампот Токоа, ГА, се обучуваат доброволци за новиот воен експеримент на Америка, паравојници. Нивна е едната од деветте чети во 506-тиот падобранско-пешадиски полк: Е, односно, Изи (Easy) четата, под команда на авторитетниот поручник Херберт Собел. Низ секојдневие што вклучува често (понекогаш и произволно) искачување и слегување по десетина километри по планината Курахи, Собел успева да ги искалапи војниците во елитна единица. Но, напорната обука, казните за мали или замислени прекршоци и стратешките неуспеси за време на маневрите, го отуѓуваат Собел од своите војници, кои повеќе го сакаат изладениот втор заповедник, поручник Винтерс. Откако 506-от полк е префрлен во Англија за да ја доврши обуката, Собел го малтретира Винтерс, казнувајќи го затоа што не успеал да ја провери септичката јама навреме. Кога Винтерс бара судење пред воен суд, шест од неговите наредници - Солти Харис, Чак Грант, Бил Гарнер, Карвуд Липтон, Мајк Рани и Флојд Талберт - бараат преместување, наместо да го следат Собел во борба. Иако поручник Роберт Синк ги прекорува за предавство (прогонувајќи го Харис), тој мудро решава да го исфрли Собел од четата. На денот на нападот, со кревањето на облаците и товарањето на луѓето на авиони за Франција, четата Е има нов заповедник – поручник Томас Михан – а Винтерс е веднаш зад него.

Беше на каналите:

HBO2  HBO3  Stinet  RTL Zwei  HBO  HTV1  

ПРЕПОРАКИ
  • Позовите бабицу (2012)

    image
    Серија прати животписне приче из живота примаља у источном дијелу Лондона 50-их година, снимљена према бестселеру - мемоарима медицинске сестре Јеннифер Wортх.
  • Белата принцеза (2017)

    image
    „Белата принцеза“ ја прикажува Англија обединета преку бракот на Елизабета од Јорк и кралот Хенри VII, но нивните лични и политички недоразбирања доведуваат до...
  • Hotel Heidelberg (2016)

    image
    Hotel Heidelberg is a pre-evening broadcast.
  • Олуја (2007)

    image
    Ова теленовела на мале екране доноси прекрасну Сару Малдонадо у безвременској причи о судбини. 'Олуја у рају' је снимана на егзотичним и атрактивним локацијама у...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.