„Авенија 5“ е комедија за патување во вселената, која се одвива 40 г. во иднината кога соларниот систем е сечиј. Хју Лори го игра Рајан Кларк, капетанот на вселенскиот брод Авенија 5, а со него на чело, ништо не може да тргне на лошо.
Создадена од Армандо Ијанучи („Потпретседателка“), „Авенија 5“ е нова комедија на ХБО која се одвива 40 години во иднината кога патувањето низ соларниот систем не е веќе научна фантазија туку мултимилионски бизнис кој брзо се развива. Во серијата игра Хју Лори како Рајан Кларк, самоуверен и шармантен капетан на “Авенија 5“ – вселенски крстосувач со луксузни работи како гастрономски кујни, спа центар, набљудувачница и часови по јога. На почетокот на серијата Авенија 5 е на 8-неделно патување околу Сатурн и системите се оптимални. Но кога крстосувачот ненадејно ќе се соочи со технички проблеми, Рајан и неговиот екипаж треба да ги смират вознемирените патници и да најдат начин да се справат со неочекуваните настани – иако се или можеби не се дораснати на задачата. Еп. 1 Кога на луксузниот вселенски брод Авенија 5 се случуваат технички проблеми, инженерот Били МекЕвој треба да ги предупреди капетанот Рајан Кларк, сопственикот на Авенија 5 Херман Џад и неговата десна рака Ајрис Кимура, дека инцидентот може да има катаклизмички ефект. Додека Рел Малкеар ја менаџира ситуацијата од Земјата, Мет Спенсер, раководителот на одделот за односи со потрошувачите, се обидува да го даде најдоброто за да ги смири нервозните луѓе на бродот, а истрајната патничка Карен Кели открива дека екипажот можеби знае повеќе отколку што кажува.