рејтинг: 8.5/10
Оценка на корисникот: 9.9/10
(15 гласови)

Судбината на еден тракиски воин регрутиран од Римјаните за борба е определена од еден чин на бунтовничко насилство. Како казна, тој се соочува со смрт кога е присилен да се бори во гладијаторската арена.
Серијата започнува со оргија од крв и насилство во гладијаторската арена. Еден неименуван тракиски заробеник гледа како еден друг заробеник е распарчен. Погледот на Тракиецот нѐ води од сувите, дехидрирани песоци на Капуа, во плодните ридови на Тракија, неколку месеци пред тоа, кога тој се збогува со својата сопруга, Сура. Таа се обидува да го убеди да остане со неа, но тој се има заколнато дека неговиот меч ќе ѝ служи на помошната војската на Римјаните. Тој ист меч наскоро ќе се најде прободен во еден гетски варварин, но римскиот офицер, Клаудиус Глабер, кој пристигнува јавајќи, ја присвојува победата на крајот на битката. Прикажувајќи го својот авторитет, Глабер му наредува на Тракиецот и на еден од неговите другари да одат во извидница на непријателските редови, а потоа ги ослободува кога се враќаат, со веста дека варварите се упатиле на запад и им се закануваат на тракиските села. Таа ноќ, разгалената сопруга на Глабер, Литија сака тој да бара поголема слава, па следното утро кога ги буди помошните трупи, тој објавува дека тие ќе маршираат на исток кон подобрата битка. Тракиецот протестира насилно, а бидејќи знае дека неговиот живот сега е безвреден, бега.

Се прикажува на каналите:

AMC  

Следна епизода:

11.5.24
06:20
Спартак - Крв и песак 1, Еп. 1, Црвена змија
11.5.24
07:45
Спартак - Крв и песак 1, Еп. 2, Гладијаторска заклетва

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.