Пред Спартак да го убие својот прв противник во арената, имало многу гладијатори кои минале низ портите и излегле на песокот. Ова е приказна за првобитниот шампион од династијата Батијатус: Ганикус, пред пристигнувањето на Спартак.
Династијата Батијатус е во издигнување, уживајќи во сјајот на нејзиниот озлогласен шампион, Ганикус, чија вештина со меч може да се спореди само со неговата жед за вино и жени. Ова се времињата кои младиот Батијатус ги чекаше. Решен да го отфрли својот татко и да ја преземе контролата, тој ќе му забоде нож во грб на секого за да обезбеди неговите гладијатори да бидат најбараните. А ќе ја има и својата верна и пресметлива сопруга, Лукреција на своја страна за секоја негова завера, користејќи ги талентите на нејзината заводлива пријателка, Гаја, кога е тоа потребно. Заедно тие ќе бидат незапирливи во лажењето на масите, преземањето на моќ цедењето на Капуа во ова ретропродолжение на „Спартак: Крв и песок“. „Спартак: Боговите на арената“, многу очекуваното ретропродолжение на „Спартак: Крв и песок“, ја раскажува приказната за првобитниот шампион на династијата Батијатус. Заедно со ѕвездите-повратници, Џон Хана („Мумија“, „Четири венчавки и погреб“) како Батијатус, Луси Лолес („Ксена: Принцезата воин“) како Лукреција и Питер Менса („300“, „Неверојатниот Халк“) како Еномаус, ќе бидат и Дастин Клер („Стомак“) како Ганикус, Џејми Мари („Хасл“) како Гаја и Мариса Рамирез („Општа болница“) како Милита. Епизода 1: Младиот Батијатус се наоѓа во контрола на гладијаторското училиште на татко му. Тој го користи својот највешт борец за да добие услуга од еден итар благородник, зад зградата на новата арена.

Беше на каналите:

PRO 7  AXN  CineStar Prem. 2  CineStar Prem. 1  MRT1  HBO  

Препораки
  • Бандолера (2011)

    image
    Сара Рејес је студенткиња књижевности на Оксфорду током XИX века. Као велики поштовалац шпанске књижевности, опере и културе Сара ќе побеќи у Андалузију у жељи за...
  • Исус од Назарет (1977)

    image
    Серију "Исус из Назарета" снимљена је у 4 наставка коју је према сценарију Антхонyја Бургесса и Суса Цеццхи д'Амица режирао славни Францо Зеффирелли (и сам један...
  • Velevt (2013)

    image
    Велвет е шпанска телевизиска серија. Се случува во 50-тите / 60-тите и ја прикажува прекрасната облека и автомобили од таа ера. Алберто (го играше Мигел Анхел...
  • 20 минути (2013)

    image
    Серија о наставнику историје Алију који је благе нарави, али се одједном наѓе у вртлогу акције и интриге након што његова вољена жена Мелек бива ухпшена због...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.