“Здраво, дами“ го прикажува Стивен Мерчант во улогата на несмасен Англичанец, кој ја бара жената од своите сништа во Лос Анџелес. Тој е опседнат да влезе во гламурозниот свет на убавите луѓе. За жал, убавите луѓе не го примаат.
HBO ја прикажува премиерата на “Здраво, дами“, новата хумористична серија во извршна продукција на Стивен Мерчант, Ли Ајсенберг и Џин Ступнитски, во која се работи за еден несмасен Англичанец кој ја бара жената од своите сништа во Лос Анџелес. Во својата прва главна улога во серија, Стивен Мерчант го игра Стјуарт, веб-дизајнерот кој се сели од Англија во Лос Анџелес, во надеж дека ќе пронајде возбуда, романса, а можеби дури и сродна душа. Работејќи од дома, Стјуарт има близок однос со својата привлечна цимерка Џесика (Кристин Вудс), иако е јасно дека таа не е заинтересирана за романса со него. Стјуарт е двојно помалку шармантен отколку што мисли дека е, а е двојно поочаен и опседнат со тоа да влезе во гламурозниот свет на убавите луѓе. Стјуарт е заведен од потенцијалот на најдобрите ресторани и ноќни клубови, но неговиот “евтин“ изглед често го остава пред вратите на најпосакуваните локали во Лос Анџелес. Во осумте епизоди од сезонава, Стјуарт се вовлекува во “шемата“ на Лос Анџелес, во потрага по убави жени, а често го придружуваат другарите Вејд (Нејт Торенс) кој минува низ развод, и Кајвс (Кевин Вајсмен), кој е харизматичен параплегичар кому му оди многу подобро со жените отколку што им оди на Стјуарт или Вејд.

Беше на каналите:

HBO2  HBO  

Препораки
  • Мик (2017)

    image
    Макензи Мик Марфи, непристојна обична девојка који цео живот вара систем и избегава обавезе. Али након што су њена сестра и зет милијардер напустили земљу због...
  • Државни посао (2012)

    image
    Окосница емисије су сатирични разговори измеѓу тројице актера, коментари који подсеќају на "Станд Уп" форму. У питању су кратки, духовити коментари и опаске на...
  • Телевизиски работи (2006)

    image
    Лиз Лемон е главна сценаристка на едно вечерно хумористично шоу. Таа уживала во својата работа до моментот кога нејзиниот нов шеф, дрскиот Џек Донахи, не наметнал...
  • Јунаци нашег доба (2019)

    image
    Главни јунак серије је Велимир Чичановиќ, звани Чичко, некада љубимац девојака, оженио се на 4. години факултета, па студирао још 5 година, изгубио самопоуздање,...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.