Шпионскиот трилер Кондор го следи младиот аналитичар на ЦИА Џо Тарнер (Макс Ајронс) чиј идеализам е на тест кога влегува во ЦИА со надеж за промени, но наоѓа ужасен, а сепак брилијантен план што ги загрозува животите на милиони.
Според книгата “Шест дена на Кондорот” од Џејмс Грејди и филмската адаптација од 1975-та “Три дена на Кондорот”, серијата „Кондор“ го следи аналитичарот на ЦИА Џо Тарнер (Макс Ајронс) кој открива план што загрозува животи на милиони. Џо отсекогаш бил во конфликт околу неговата работа во ЦИА. Но кога вработените во неговиот уред завршуваат мртви заради нешто што тој го открил, оставајќи го Џо како единствениот преживеан и принудувајќи го да оди во бегство, теоретските двоумења што ги чувал отсекогаш во себе стануваат вистинити морални дилеми. Под смртоносен притисок, Џо ќе биде принуден да редефинира кој е и за што е способен за да открие кој стои зад длабоката конспирација и да ги спречи пред да ја остварат смртоносната цел што е закана за животите на милиони.
Се прикажува на каналите:
Беше на каналите:
Следна епизода: