Документарецот „О. Џеј: Произведено во Америка“ претставува хроника за подемот и падот на О. Џеј Симпсон, чие судење за убиство ги извади на површината американските меѓурасни тензии, прикажувајќи ни една поделена нација.
Ова е приказна за современа Америка, сага за расата, славата, медиумите, насилството и кривично-правниот систем. И две децении по незаборавниот климакс, таа продолжува да фасцинира, да поларизира, па дури и да развива нови поглавја. Овој документарец нѐ потсетува на сето тоа. На домашното насилство. На полициската истрага. На случајот со Бронко. На судењето на векот. На мотивот, на крвта, на ракавицата. На пресудата. На последиците. Со повеќе од седумдесет интервјуа на долгогодишните пријтели и колеги на Симпсон па сè до препознатливите протагонисти од истрагата за убиството, набљудувачите и коментаторите кои биле поврзани со приказната, овој документарец претставува незаборавен поглед врз оваа сага. На крајот на краиштата, тоа што изгледа како потрага по вистината за О. Џеј Симпсон претставува збирка на неспорни вистини за Америка и за нас самите.