Авантурите на главните јунаци кои започнаа во 1987 година, во хит серијата „Полна куќа“, продолжуваат во 2016, со нови сезони и друг наслов „Преполна куќа“. Дејството продолжува околу 20 години по завршувањето на оригиналната приказна, кога Дени Танер ( Боб Сагет) е подготвен да се сели од семејниот дом кој досега го делел со неговара ќерка Диџеј (Кендис Камерон Бјур), која пак од неодамна е вдовица. И покрај двоумењата, тој сепак ќе одлучи да го напушти домот и да ѝ го остави на својата ќерка, со цел таа да има соодветно место за живеење со нејзините 3 сина- Џексон ( Мајкл Кампион), Макс ( Елиас Харгер) и бебето Томи ( Дашиел и Фокс Мешит). Животот како самохрана мајка ѝ станува сѐ потежок на Диџеј и таа ја повикува својата помлада сестра Стефани и најдобрата пријателка Кими да живеат заедно и да ѝ помогнат околу одржувањето на домаќинството.