Во еден далечен планински град, преполн со имигранти работници, полицискиот шеф станува жртва на грозоморно злосторство. Последиците од таа случка го водат на самоуништувачки пат, кулминирајќи во појавување на безмилосно алтер-его.
„Лимена ѕвезда“ се одвива во еден идиличен планински град кој е преплавен од работници имигранти од блиската фабрика и во кој постојано се зголемува криминалот. Серијата ја раскажува емоционално исполнетата и понекогаш духовита приказна за Џим Ворт (Тим Рот), ведар и семеен човек и посветен полициски шеф, чиј мирен живот е разрушен кога новодојдената банда криминалци му го убиваат малолетниот син во неуспешниот обид да го убијат него. Овој чин – и срамната одговорност што ја носи Џим поради својот кукавичлук кога се наведнува да го избегне куршумот на убијците, комбинирана со неговото одбивање да го признае минатото, го вовлекува во алкохолизам. А алкохолизмот на Џим зема форма на алтер-его: човек кој пие многу, шармантен и безмилосно насилен и кој се нарекува Џек Девлин.

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.