Според сценариото на сценаристот и ветеран од Виетнамската војна, Вилијам Бројлс („Опадник, „Аполо 13, „Џархед) и на неговиот син Дејвид Бројлс, кој е ветеран-специјалец, „Шест ни го прикажува тимот 6 на Морнаричките фоки чија мисија во 2014 година да елиминираат еден талибански водач во Авганистан тргнува во лоша насока кога откриваат дека еден американски државјанин соработува со терористите како џихадистички борец. Оваа драма, инспирирана од вистинските мисии, ни доловува со што се занимаваат специјалците, како и тоа какви се нивните комплексни лични животи и сериозните одлуки што ги носат.