Сара Џесика Паркер се враќа на ХБО во новата хумористична серија „Развод“. Таа ја игра Френсис, жена која одеднаш почнува да ги преиспитува својот живот и својот брак и дознава дека новиот почеток е потежок отколку што мислела.
Создадена од Шерон Хорган (авторка и ѕвезда на серијата „Катастрофа“, номинирана за „Еми“), во фокусот на „Развод“ е Френсис (Сара Џесика Паркер), која по повеќе од една деценија во брак и две деца одеднаш почнува да го преиспитува својот живот и напнатиот однос со сопругот Роберт (Томас Хајден Чрч). Серијата почнува на 50-тиот роденден на една нивната пријателка Дајан, кога се случува драма откако Дајан и нејзиниот сопруг Ник почнуваат премногу да се караат, што ја убедува Френсис да му каже на Роберт дека треба да се разделат. Но, Френсис наскоро сфаќа дека новиот почеток е многу потежок отколку што си мислела, додека Роберт, кој е вџасен од постапката на Френсис, се бори да се справи со распадот на нивниот брак. Приказната за многу, многу долгиот развод, во 10-те епизоди од првата сезона, ги следи Френсис и Роберт додека се справуваат со последиците од нивниот распаднат брак, не само за нив самите туку и за децата и пријателите. Со остар и интересен хумор во напнати ситуации, од чудните јавни средби, до огорчените сесии на терапија, „Развод“ е серија за двајца луѓе во најтешкиот миг од нивните животи, кога чувствуваат посилни емоции еден за друг отколку што чувствувале со години.

Беше на каналите:

Stinet  HBO3  HBO2  HBO  

Препораки
  • Praxis mit Meerblick (2017)

    image
  • Toni, männlich, Hebamme (2019)

    image
    Unfortunately, Toni does not always have it easy as a male midwife.
  • Hubert & Staller (2011)

    image
    A show about two police officers from Wolfsrathausen who sometimes work a bit differently.
  • Emperatriz (2011)

    image
    Далеко од свог дома, у сунчаном Лос Ангелесу, усамљена Емператриз Јурадо (Грабриела Спаниц) у очају тражи човјека свог живота, Арманду Мендозу (Омар Фиеро), како...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.