Во Нешвил, главниот град на кантри-музиката, музичарите и пишувачите на текстови се во самото срце на вителот на сопствените амбиции. Некои ги води креативноста и желбата за слава, додека другите се борат со притисокот на славата и прават сѐ што можат за да останат на врвот. Дејството се одвива во растечката музичка индустрија на Нешвил, а серијата ги следи кантри-иконата Рејна Џејмс, новата старлета Џулиет Барнс и целата заедница на разни музичари, пишувачи на стихови и други играчи во таа луда но многу профитабилна индустрија, како што се Дајкон, Ејвери, Скарлет...