Комедија за неодамна разведената Валери и нејзината 16-годишна ќерка Лора, кои се селат кај братот на Валери, Алекс, вечен ерген и цар за врски без обврски. Заедно тие се подучуваат за лудиот свет на љубовните состаноци.
Од сценаристот Зандер Лиман и извршниот продуцент Џејсон Рајтман (режисерот на „Во воздух“ и на „Џуно“) пристигнува „ Лежерно“, комедија номинирана за „Златен глобус“, која ја истражува смешната и чудна динамика на современите семејства и врски. Неодамна разведената Валери и нејзината 16-годишна ќерка Лора се селат кај братот на Валери, Алекс, вечен ерген и цар за врски без обврски. Заедно тие се подучуваат за лудиот свет на љубовните состаноци и ја одгледуваат нејзината ќерка-тинејџерка.