Од добитникот на „Оскар“ и „Еми“, Спајк Ли (“Американска утопија на Дејвид Бирн“, “Кога ќе попуштат браните“ на ХБО), ни доаѓа „Њујоршки епицентри 11.09 —> 2021½ “, епска хроника за животот, загубата и преживувањето во градот Њујорк во текот на дваесет години по нападите на 11 септември. Повеќеделниот документарец нуди досега невиден, сеопфатен портрет на жителите на Њујорк додека обновуваат и закрепнуваат почнувајќи од страшниот терористички напад па сè до сегашната глобална пандемија. Одбележувајќи ја историјата преку огромен број на визуелна сликовитост, и прикажувајќи сведоштва од прва рака на голем број жители од сите возрасти, овој документарец дебитира на ХБО како комеморација на20-годишнината од настаните на 11 септември.