Следиме три мајки кои само го сакаат најдоброто за своите семејства. Роз е банкротирана и живее со коцкар-зависник, а за на нивната ќерка да ѝ овозможи покрив над главата, подготвена е на сѐ. Гламурозната и богата Кејт изгледа дека има сѐ. Но изгледот мами, а Кејт ќе мора да се избори за да си ги зачува бракот и семејството. Лиза бара излез од сопствениот живот, а примерот го наоѓа во Кејт, но кога Кејт организира вечера, Лиза прави голема грешка, а потоа и ја заборава ќерката на Кејт која требало да ја земе од училиште.