Некои луѓе имаат сон. Луи има семејство. Добредојдовте во првата комична повеќекамерна серија на Ејч-Би-Оу. „Среќниот Луи“ нуди свеж и смешен поглед во домашниот живот на луѓето од работничката класа.
До сега немало ваква комична серија. Ејч-Би-Оу отвора нов терен со „Среќниот Луи“, свежа, смешна и зрела комична серија со повеќе камери, која ги прикажува предизвиците на бракот и семејството преку приказната за еден млад пар кој едвај преживува. Луис Ц. К. го игра Луи, кој е механичар вработен на половина работно време во една продавница за автомобилски делови, а времето најмногу го минува дома, грижејќи се за својата 4-годишна ќерка, Луси. Неговата сопруга, Ким, е таа што носи пари во семејството. Таа работи како медицинска сестра, со полно работно време. Оваа нетрадиционална поставеност понекогаш знае да биде проблематична , но тие секогаш се снаоѓаат бидејќи и покрај сите проблеми, тие се сакаат, а и немаат избор. Најдобрите пријатели на Ким и Луи се Мајк и Тина, брачен пар со навистина едноставен живот (Мајк носи пари, а Тина за возврат има секс со него) и еден куп деца од нивниот сегашен, а и од претходните бракови. Нивни соседи се афро-американскиот пар, Волтер и Елен и нивната ќерка Лиза, семејство со кое Луи на чуден начин се обидува да се спријатели. Во зградата живее и ексцентричниот брат на Ким, Џери, кој има матно минато и кому постојано му треба насока (и храна). Тука е и Рич, пријателот на Луи, кој живее со својата мајка и заработува за живот преку матни бизниси.

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.