„Тајгер“ е документарец од два дела што ги пражува во детали подемот, падот и епското враќање на светската икона Тајгер Вудс. Во серијата се прикажуваат досега невидени снимки и интервјуа со тие што најдобро го познавале Тајгер.
„Тајгер“ е документарец од два дела што ни ги прикажува подемот, падот и епското враќање на светската икона Тајгер Вудс. Серијата ни прикажува интимен поглед на талентот чијашто посветеност и опсесија со голфот не само што го направија славен и му донесоа невиден успех, туку и мрачен и тежок пат кој на крајот доведе до легендарно враќање во спортот, што кулминираше со неговата победа на мастерсот во 2019 година. „Тајгер“ ни прикажува досега невидени снимки и интервјуа со тие што го познавале најдобро Тајгер Вудс, вклучувајќи ги и поранешниот кедишек и близок пријател Стив Вилијамс, легендата на голфот, Сер Ник Фалдо, првата вистинска љубов на Тајгер, Дина Пар, како и Рејчел Учител, жената во средиштето на секс-скандалот што засекогаш го промени светот на Тајгер.