Содржина

Најново продолжение на наградуваната серија “Латиноамериканци“ на „ХБО Латино“. Тоа е документарна програма во којашто се интервјуирани секојдневни херои, инспиративни славни личности и влијателни Латионамериканци од сите сфери на животот.
„Латиноамериканците денес“ е најновото продолжение на наградуваната серија “Латиноамериканци“ на „ХБО Латино“. “Латиноамериканци“ е позната документарна програма во којашто се интервјуирани секојдневни херои, инспиративни славни личности и влијателни Латионамериканци од сите сфери на животот, кои преку нивните рефлексии и сведочења ги подигаат гласовите на повеќе од 50 милиони Латиноамериканци кои живеат и творат во САД. Понекогаш забавна, често зајадлива, секогаш вистинита, програмата нуди платформа што ја рефлектира, слави и ја чествува хуманоста и силата на индивидуалните животи на Латионамериканците. Раскажаните приказни имаат едукативно и културно влијание не само врз брзорастечката латиноамериканска заедница, туку и врз пошироката публика. Универзалните искуства споделени во “Латиноамериканци“ нудат можност да ги премостат културните разлики во двата правци.

Слики

Латиноамериканците денес

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.