poster

Шерлок Холмс

Sherlock Holmes (2009)

Акција, Криминал, Трилер, Авантура, Mистерија | САД, Германија, Обединетото Кралство, Австралија
Режисер: Guy Ritchie
Cinemax | 23.3.24 | 17:50

рејтинг: 7.6/10
Оценка на корисникот: 7.1/10
(129 гласови)

Содржина

Од режисерот Гај Ричи („Рокенрола“, „Две зачадени двоцевки“) пристигнува сосема новиот приказ на класичниот мајстор-детектив, Шерлок Холмс, во кој го играат Роберт Дауни Јуниор, Џад Лоу и Рејчел Мекадамс. Познатиот „консултант детектив“, Шерлок Холмс (Дауни Јуниор – „Железен човек“) има реноме за решавање на најсложените мистерии. Со помошта од неговиот верен сојузник, д-р Џон Вотсон (Лоу – „Авијатичарот“), Холмс е ненадминат во неговата потрага по криминалци, потпирајќи се само на сопствената моќ на запазување, на неговите неверојатни вештини за носење заклучоци -- и на едноставната сила на неговите тупаници. Но, сега на Лондон му се заканува нешто со што Холмс сѐ уште се нема соочено... и тоа е предизвикот кој тој го бара. По серија брутални, ритуални убиства, Холмс и Вотсон пристигнуваат токму на време за да ја спасат последната жртва и да го откријат убиецот, Лорд Блеквуд (Марк Стронг -- „Тело на лаги“). Пред неговото бесење, Блеквуд го предупредува Холмс дека смртта нема моќ над него и кога очигледното воскресение на Блеквуд и неговиот најнов смртоносен план носат паника во Лондон и го збунуваат Скотланд Јард, Холмс и Вотсон влегуваат во светот на темните вештини и неверојатните нови технологии, каде логиката понекогаш е најдоброто оружје за борба против криминалот... но, добро десно кроше често пати ја завршува работата. Па, играта може да започне!

Слики

Шерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок ХолмсШерлок Холмс

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.