СОДРЖИНА
Кога младата риба-кловн Немо е заробена во Големиот Корален Гребен и е однесена во Сиднеј, неговиот татко Марлин и пријателски настроената но и заборавена риба Дори одат на патување за да го вратат Немо дома.
Во „Потрага по Немо“, создадена од добитниците на „Оскар“ и создавачите на „Приказна за играчките“ и на „Чудовишта“, ќе сретнете живописни ликови што ќе ве однесат во прекрасниот подводен свет на Големиот Корален Гребен во Австралија. Немо е млада риба-кловн со авантуристички дух, која неочекувано е однесена во канцеларискиот аквариум на еден забар. Загрижениот татко Марлин и пријателски настроената но и заборавена риба Дори ќе мораат да одат на епско патување за да го вратат Немо дома. Нивната авантура ги носи лице в лице со вегетаријански ајкули, желки сурфери, хипнотички медузи, гладни галеби и во други искушенија. Марлин открива храброст за која не бил свесен, но ќе успее ли да го најде својот син?