Оценка на корисникот: 7.2/10
(272 гласови)

СОДРЖИНА

„Таен прозорец“ е филм за писател кој минува низ тежок развод, а го демне еден психотичен странец кој тврди дека писателот ја украл неговата приказна. За да го присили писателот да попушти, странецот е подготвен на сé, па дури и на убиство.
Иако знае дека треба седи пред компјутер и да пишува нова книга или барем да го шета своето куче покрај езерото, пред својата викендичка, успешниот писател Морт Рејни (Џони Деп) спие по 16 часа на ден на својот омилен кауч. Тој минува низ тежок развод и сé во тој развод е хаотично и непријатно. Тоа му ја исцицало енергијата и му ја одзело креативноста, оставајќи го со писателска блокада, неспособен да спои и една обична реченица. Тогаш, кога се чини дека работите не можат да бидат полоши, еден психотичен странец по име Џон Шутер (Џон Туртуро) се појавува на неговата врата и го обвинува Рејни дека му ја украл приказната, барајќи отштета. И покрај напорите на Рејни да го смири, Шутер станува сé понападен и поагресивен, навестувајќи изопачена правда, па дури и ладнокрвно убиство. Присилен да влезе во чудната игра на мачка и глушец, Рејни открива дека е поитар и поодлучен отколку што мислел. На крајот, тој сфаќа дека мистериозниот Шутер можеби го познава подобро отколку што се познава тој самиот. Филмот е во режија на Дејвид Кеп, според неговото сценарио врз основа на романот „Таен прозорец, тајна градина“ на Стивен Кинг.

Слики

Таен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорецТаен прозорец

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • План лета (2005)

    image
    У Берлину, инжењер аеронаутике Кајли Прат (Џоди Фостер) оплакује губитак свог вољеног мужа, који је пао са крова њихове зграде. Она напушта посао и одлучује да...
  • Љуби го ближниот свој (2006)

    image
    Опседната со визиите за брутален напад на нејзиниот дом, Лаура Бенсон се наоѓа на работ на нервен слом. Сакајќи да започне нов живот, таа заедно со својот сопруг...
  • Другиот човек (2008)

    image
    Инженерот Питер (Лиам Нисон) е оженет со дизајнерката на чевли Лиза (Лора Лини). И двајцата се успешни и среќни на прв поглед, но наскоро сѐ се врти наопаку....
  • Мајчина жртва (2017)

    image
    Катхрин је самохрана мајка 17-годишње Јосеy, пуна љубави, али превише заштитнички настројена, док Стефан, Јосеyн отац, улази у други брак. Када Јосеy нестане, сви...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.