Содржина

Ботаничарката Џени и нејзиното момче Овен се во потрага по ретка егзотична орхидеја која според легендата процветува во присуство на вистинска љубов. Џени добива повик од нејзината мајка дека ја продаваат куќата и да си ги собере работите, па Џени се враќа во својот роден град, а со себе ја носи и орхидејата која бара постојано внимание. Џени го среќава Шејн, момчето во кое била вљубена во средно училиште, а кое сега работи во тоа училиште како професор и е со Алисон, која на Џени ѝ го загорчувала животот на училиште. Наскоро, за да ѝ се оддолжи на Џени за искуството од училиште, Шејн ја повикува да му прави друштво додека ја надгледува матурската забава. Наскоро Џени и Шејн се зближуваат, а Алисон добива работа надвор од градот, па изгледа дека таа и Шејн ќе раскинат, а кога во градот доаѓа и Овен, кој е повеќе загрижен за орхидејата од Џени, таа веќе не е сигурна во нивната врска. Кога орхидејата исчезнува, Џени најпрво ја обвинува Алисон, но изгледа дека сепак Овен ја зел. Џени успева да ја врати, а кога се бакнува со Шејн, орхидејата конечно процветува.

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.