рејтинг: 6.0/10
Оценка на корисникот: 10/10
(13 гласови)

Содржина

Anna Kendrick и Justin Timberlake се враќаат во продолжетокот на музичкиот анимиран хит на DreamWorks од 2016: Trolls World Tour. Во авантура што ќе ги однесе многу подалеку од тоа што го знаеле, Попи (Kendrick) и Бранч (Timberlake) откриваат дека се само едни од шест различни племиња Тролови раштркани низ шест различни земји и посветени на шест различни видови музика: фанк, кантри, техно, класична, поп и рок. Нивниот свет ќе стане многу поголем и многу погласен. Член на хард-рок кралското семејство, кралицата Барб (Rachel Bloom), помогната од нејзиниот татко, кралот Треш (Ozzy Osbourne), сака да ги уништи сите други видови музика за да владее рокот. Со судбината на светот во опасност, Попи и Бранч, заедно со нивните пријатели Биги (James Corden), Ченил (Caroline Hjelt), Сатин (Aino Jawo), Купер (Ron Funches) и Гај Дајмонд (Kunal Nayyar) тргнуваат да ги посетат сите други земји да ги обединат Троловите во хармонија против Барб, која сака да ги засени сите нив. Изборот на членови на различните музички племиња е еден од најголемите и најпризнати групи на музички таленти некогаш собрани за анимиран филм. Од земјата на фанкот се J. Blige, George Clinton and Anderson .Paak. Кантрито гопретставуваат Clarkson како Delta Dawn, со Sam Rockwell како Hickory и Flula Borg како Dickory. J Balvin го носи Reggaeton, а Ester Dean е во поп племето. Anthony Ramos го носи ритамот на техното, а Jamie Dornan е задожен за смут џез. Светски познатиот диригент и виолинист Gustavo Dudamel се појавува како Тролзарт, а Charlyne Yi како Пенивисл од земјата на класичната музика. Kenan Thompson рапува како новородениот хип-хоп Трол по име Тајни Дајмонд. Во филмот има и оригинална музика од Justin Timberlake, кој имаше номинација за Оскар за неговата песна во ТРОЛОВИ во 2016, „Can’t Stop the Feeling!,“ и нумера од Theodore Shapiro (Ghostbusters од 2016, The Devil Wears Prada).

Слики

Тролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнејаТролови: Светска турнеја

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Малиот директор (2017)

    image
    Од студиото што ви ги донесе „Шрек, „Кунф фу Панда и „Мадагаскар пристигнува оваа урнебесна семејна комедија во која се работи за влијанието на новото бебе врз...
  • Крудс 2: Нова ера (2020)

    image
    Семејството Крудс преживеа ѕверови и природни катастрофи, но сега мора да се соочи со нивниот најголем предизвик досега: уште едно семејство! Во потрага по нов...
  • Мачорот во чизми (2011)

    image
    Одамна пред да ги запознае Шрек и магарето, симпатичниот, но итар Мачор во чизми мора да го исчисти своето име од сите обвиненија што го направија баран бегалец....
  • Царевата нова финта (2000)

    image
    Неверојатна смеа следи кога себичниот император Кузко е претворен во лама од неговата подла советничка и нејзиниот платеник. Сега, владетелот кој некогаш имал сѐ...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.