poster

СИ ЏЕЈ 7

Cheung Gong 7 hou (2008)

Режисер: Stephen Chow

рејтинг: 6.4/10
Оценка на корисникот: 8.6/10
(18 гласови)

Содржина

Животите на еден сиромашен татко работник и на син му се менуваат кога еден фасцинантен и чуден миленик влегува во нивниот свет. Низ комичниот хаос, тие на крајот научуваат важна лекција за работите кои не се купуваат со пари.
Ти е сиромашен градежен работник кој многу се мачи за да се осигури дека неговиот млад син Дики ќе остане запишан во ексклузивно приватно школо. Но иако Ти прави се што е можно за да му ги даде на син му можностите што тој никогаш ги немал, Дики се уште се чувствува како отпадник од школото поради неговите изветвени алишта и поради тоа што ги нема најновите играчки. Еден ден , Ти открива мистериозна сфера и му ја носи директно на Дики. Иако отпрвин “СИ ЏЕЈ 7“ изгледа како нешто чудно и необјасниво, се покажува дека е нешто многу повеќе откако младото момче започнува да си игра со него. Тоа не е вообичаена акциска играчка, туку живо “милениче“ со невообичаени моќи. Дики го носи СИ ЏЕЈ 7 во школо со цел да го покаже и да има малку забава. Но СИ ЏЕЈ 7 си има свои идеи за тоа што е забава, и не поминува долго време пред ситуацијата во школото да стане безнадежно изгубена.

Слики

СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7СИ ЏЕЈ 7

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.