poster

Гадна вистина

The Ugly Truth (2009)

Режисер: Robert Luketić
Tring Comedy | Утре | 18:35

рејтинг: 6.4/10
Оценка на корисникот: 7.5/10
(113 гласови)

Содржина

Продуцентка на утринско романтично шоу е вовлечена во неколку подмолни тестови од нејзиниот шовинистички кореспондент, кој има цел да ги докаже своите теории и да ѝ помогне да најде љубов. Неговите итрини водат до неочекуван резултат.
Битката на половите се затега во „Гадна вистина“, паметна и секси комедија за мажите, жените и огромната празнина меѓу начините на кои размислуваме, фантазираме и се обидуваме да го заведеме другиот пол. Летаат искри помеѓу Кетрин Хејгл и Џерард Батлер, двајца соработници со судбина да се презираат меѓусебно. Таа бара партнер од соништата. Тој има мисија да ги спушти жените на земја и да признае дека мажите мислат само на едно. Но, кога ќе реши да ѝ помогне да го најде тоа што го бара, и двајцата извлекуваат неочекувани поуки за тоа колку и најголемите спротивности можат да се привлекуваат. Еби Рихтер е амбициозна продуцентка на утринско ток-шоу на „Еј-Ем Сакраменто“, горда на себе што наоѓа брзо решение на секој проблем – кој било проблем, освен нејзиниот несреќен и осамен љубовен живот. Кога станува збор за состаноци, Еби не може да не оплеска. Кога нејзиното шоу доживува мал колапс, Еби мора да здружи сили со новиот специјален кореспондент Мајк Чадвеј, човек што ќе ја доведе под голем притисок. Неговото шоу „Гадна вистина“ ветува дека ќе ја открие суштината на мажите. Но, неговиот истакнат шовинистички стил многу ја притиска Еби и ги влошува работите, шоуто веднаш добива поголема гледаност, што го запечатува неговиот статус на мрежата. Тогаш, Еби излегува со Колин, нејзиниот сосед - неженет доктор! Тој е она што Мајк Чадвеј не е – благ, учтив - и овојпат Еби не сака да оплеска. Таа не сака да признае, но ѝ треба експертизата на Мајк за машкиот мозок за да постапи правилно. Сега, додека Мајк ја подучува Еби, а таа ги тестира неговите провокативни теории на заведување, и двајцата откриваат иронична вистина: колку и да се различни, мажите и жените ги делат најтајните чувства.

Слики

Гадна вистинаГадна вистина© Columbia Pictures Industries, Inc. and Beverly Blvd LLC.Гадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистинаГадна вистина

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.