Содржина

Кет, срамежлива девојка, бега од својата венчавка од крајбрежниот хотел барајќи ја мајка си од која е раздвоена од детството. Таа случајно го киднапира Боб, повлечениот хотелски градинар. Тие се впуштаат во мрачно и комично патешествие.
Кет, срамежлива млада жена, се спријателува со Боб, повлечен градинар во крајбрежниот хотел каде што таа треба да се омажи. Кет никогаш не го преболела тоа што мајка ѝ заминала од домот кога таа имала 8 години, а и тоа што нејзиниот доминантен татко Кен, никогаш не зборувал за неа. Сега таа се мажи за да побегне, но открива дека нејзиниот свршеник Стив е под целосна доминација на Кен. Боб е нежен, ексцентричен човек со слабо чувство за хумор и со проблематично минато. Кет му побудува сеќавања на Боб за неговата стара нерешена врска со Луиз, што предизвикува тој да посака да ја напушти сигурноста на хотелот и да се соочи со своето минато. Во исто време Кет сфаќа дека нејзиниот брак е огромна грешка. Додека се одвива свадбената веселба, таа бега со колата на татко ѝ, случајно киднапирајќи го Боб. Тие заедно започнуваат емоционално патешествие полно со мрачно комични пресврти.

Слики

Животот после ЛуизЖивотот после ЛуизЖивотот после ЛуизЖивотот после ЛуизЖивотот после ЛуизЖивотот после ЛуизЖивотот после Луиз

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.