Содржина
Еден млад и нетрпелив брокер (Чарли Шин) би сторил сѐ за да стигне до врвот, вклучително и да тргува со незаконски тајни информации кои ги прима еден безмилосен корпоративен водач (Мајкл Даглас) кој го зема младиот човек под свое.
„Вол Стрит“ е без сомнеж највозбудливиот километар квадратен на светот. Ниедно друго место на светот не е толкав поим за богатство, моќ и контрола. Двајца играчи се обидуваат набрзина да се збогатат. Едниот е искусен корпоративен играч, а другиот е нов млад брокер кој не е подготвен за моралните конфликти со кои ќе се соочи. Нивното опасно пријателство се одвива на берзата во 1985-1986 година и ќе се претвори во пародија на односот помеѓу ментор и аспирант, професор и студент, татко и син. Чарли Шин е во улогата на протагонистот, играјќи млад човек кого го искушува мрачната страна од неговата природа. Ликот на корпоративниот играч Гордон Геко (Мајкл Даглас) е типичен менхетенски ловец од најсмртоносен вид. Тој е шармантен, бескрупулозен и без морал, па е подготвен да ги уништи сите противници.