Содржина
Воспитувањето деца никогаш не било лесно. Елиза (Ума Турман) е мајка на две малолетни деца и домаќинка, која ќе се увери во вистинитоста на ова тврдење во еден навидум бесконечен ден во кој таа треба да ја испланира роденденската забава на својата 6-годишна ќерка, да ги подмири сметките со неподносливиот поранешен сопруг (Ентони Едвардс), да спречи автомобилот да ѝ го крене пајак и да напише есеј за списание за родители пред крајниот рок којшто опасно се приближува. Сето ова е дел од мајчинството!