Содржина
Фил е младо момче кое има проблеми со зависност – зависност од неговиот телефон. Нема пријатели, нема љубовен живот и работи како писател на топ 10 листи за поп култура. Но, наскоро неговиот Фејсбук статус ќе се смени. Кога е приморан да го надгради неговиот телефон, ја добива Џекси – вештачка интелегнција, виртуелен асистент, животен тренер. Со нејзина помош, Фил конечно почнува да живее. Но, како што почнува да се одвикнува од неговиот телефон, Џекси му го прави животот кошмар, сакајќи да го задржи Фил за неа.