Содржина
На една од своите први мисии, младиот полициски регрут Крис застрелува еден агресивен човек и веднаш е славен како херој. Но колку повеќе неговите колеги го поддржуваат, толку му се зголемуваат сомнежите за тоа дали постапил исправно.
Крис е млад полициски регрут во специјалните сили каде што работната атмосфера е исполнета со машко ривалство, тестостерон и постојан притисок. На една од своите први мисии тој застрелува еден агресивен човек и веднаш е славен како херој. Но колку повеќе неговите колеги го поддржуваат и го заштитуваат, толку повеќе му се зголемуваат сомнежите за тоа дали постапил исправно. Самиот чин на преиспитување на моќта на тој братски сојуз, го води надолу и го носи на мрачен и опасен пат.