Содржина
Во работничкиот кварт на Лос Анџелес, Хенри Пул купува куќа не грижејќи се за нејзините недостатоци. По цел ден пие и јаде пица. Пред неговата куќа работниците оставиле дамка, а сосетката Есперанца е уверена дека во неа го препознава Исус - што на Хенри ужасно му оди на нерви. Во меѓувреме Хенри се запознава со седумгодишната нема сосетка Мили која на својот диктафон ги снима разговорите на тие околу себе...