Содржина
Изабел (Вилијамс) е соосновачка на дом за деца без родители во Калкута и патува во Њујорк за да се сретне со потенцијалната донаторка Тереза (Мур). Состанокот што го договараат е пред венчавката на ќерката на Тереза, Грејс. Ненадејната покана на венчавката ќе предизвика серија настани во кои минатото и иднината се судираат, па она што на почеток изгледа како убав пријателски гест се претвора во неповратна низа изненадувања, откритија и признанија кои засекогаш ќе им ги променат животите...