Содржина
„Локална боја“ е емотивна и инспиративна приказна за талентиран осумнаесет годишен студент по уметност (Тревор Морган) кој има проблеми, и неговиот ментор (Армин Милер-Штал), постар мајстор на уметноста од Русија, кој е алкохоличар и кој ѝ го има свртено грбот не само на уметноста, туку и на животот. Она што почнува како врска полна со сомнеж помеѓу двајцата уметници на крајот станува нивно спасение. Ученикот учи да го гледа светот низ очите на мајсторот, а мајсторот учи повторно да го гледа животот низ очите на невиноста. Филмот се заснова врз вистинска приказна.