Содржина
Вејл (18) е автомеханичар кој си го научил занаетот додека лежел во затвор за малолетници. Откако излегува, тој се обидува да си го развие бизнисот. Но тоа не е лесно, особено кога си млад црнец со криминално минато.
„Вејл“ е приказна за 18-годишен автомеханичар, кој си го научил занаетот додека лежел во Ајлсбери, институција за малолетни криминалци. Откако излегува, тој живее со мајка му и се обидува да си го разработи бизнисот. Но претприемништвото не е лесно, особено кога си млад црнец со криминално минато. Вејл се справува со проблемите на социјалната неправда, расната дискриминација и фрустрациите што се појавуваат кај лицата кои се обидуваат да се преосмислат себеси во современиот Лондон.