Содржина
Ник Маршал е рекламен експерт од Чикаго кој се однева арогантно и наметливо. Затоа му пропаднал и бракот, а 15-годишната ќерка Алекс, која се подготвува за матурска забава, за него мисли само најлошо. Во компанијата на Ник се отвора место на креативен директор кое тој го сака за себе. Но генералниот директор позицијата ѝ ја доделува на Дарси Мегваер, интелигентна и способна деловна жена која како стручњак за женскиот дел од пазарот, во нивната компанија е дојдена од конкуренцијата. Ник се обидува да осмисли рекламни кампањи за типично женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа и стекнува способност да го слушне сето она што го сакаат и мислат жените...