СОДРЖИНА

Во изолираниот свет на Брајтон Бич, Бруклин, ДВАЈЦА ЉУБОВНИЦИ е класична романтична драма, со Жоакин Финикс кој прикажува груба и ранлива глума како Леонард, харизматичен млад човек кој има проблеми, и кој се сели назад во својот дом од детството, по едно скорешно лошо љубовно искуство. Заздравувајќи под будните очи на своите родители (Изабела Роселини и Мони Моношов), Леонард среќава две жени за многу кратко време, една по друга: Мишел (Гвинет Палтроу), мистериозната и убава сосетка која е егзотична и не се совпаѓа со сериозноста на светот на Леонард, и Сандра, симпатичната и грижлива ќерка на еден бизнисмен кој го купува семејниот бизнис со хемиско перење од неговото семејство. Леонард длабоко се вљубува во Мишел за која се чини дека е судено да се вљуби во него, но и која има самоуништувачка афера со еден женет маж. Во исто време, зголемениот притисок од неговото семејство го турка да ѝ се посвети на Сандра. Леонард е присилен да донесе невозможна одлука – помеѓу импулсивноста на посакувањето и комфорот на љубовта – или да ризикува повторно да падне во темнината која за малку ќе го убиеше. Во режија и сценарио на Џејмс Греј („Ние ја поседуваме ноќта“), во ДВАЈЦА ЉУБОВНИЦИ играат Жоакин Финикс, Гвинет Палтроу, Винеса Шо, Изабела Роселини, Џон Ортиз и Мони Мошонов.

Слики

Двајца љубовнициДвајца љубовнициДвајца љубовнициДвајца љубовнициДвајца љубовници

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • 25. час (2002)

    сабота
    image
    Филмот го отсликува последниот ден на слобода на еден млад човек пред да почне со отслужување на 7-годишна казна за дилање дрога. Талкајќи низ Њујорк, тој е...
  • Арбитража (2012)

    недела
    image
    Роберт Милер (Ричард Гир) е сопственик на осигурително друштво и очајно сака да ја комплетира продажбата на компанијата, пред да се дознае за неговите матни...
  • У име народа (1987)

    недела
    image
    Ово је трагикомична прича о силама које гоне човека да безобзирно манипулише ближњима и поиграва се њиховим судбинама, па и својом, јер је и њен део, а све у име...
  • Обесите га без милости (1968)

    недела
    image
    Банда од девет људи неправедно оптужи Џеда Купера за убиство и краѓу стоке. Они га обесе и тако га оставе да умре у мукама. Али Џед Купер не умире! Он је преживео...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.