Содржина
Ви се случило ли некогаш работите да тргнат во толку лоша насока што си мислите дека не може да бидат полоши од тоа, а потоа стануваат уште полоши? За Креск, најлошиот берберин на светот, денеска е тој ден. Жена му бега со нивниот брачен советник, а еден муштерија за малку ќе го убиеше. Но, кога Креск ја открива локацијата на едно богатство од украдени парички, тој одлучува да направи смел чекор, но успева да стане само уште еден од низата будали.
Верувајќи дека нема што да изгуби по една блиска средба со смртта, Креск добива ненадејно и заразно чувство на храброст. Овој пат ништо нема да го спречи. А потоа се вљубува во убавата полицајка што го истражува грабежот на паричките. Сега, сосема спротивно на неговиот план, Креск се соочува со најголемата дилема во животот: љубов или пари?