Содржина
Кога кулите-близначки беа нападнати на 11 септември, во нивна близина, една група ученици го започна својот ден во средното училиште „Стајвесант“. Документарецот ни го нуди нивниот поглед на случувањата тој ден преку снимки од самиот напад и интервјуа со учениците кои како млади тинејџери морале да бегаат од урнатините и се соочиле со ужас при враќањето дома. Тие сега се возрасни, а многумина од нив доаѓаат од семејства на имигранти, па раскажуваат за последиците за малцинските заедници по нападот и за длабоките пријателства со соучениците кои им помогнале да го пребродат тоа. Ова е приказна за тоа како е да се биде млад човек во таква катастрофа, истражувајќи ги начините на коишто 11 септември ги обликуваше животите на овие ученици, а продолжува и да го обликува и светот денес.