Содржина

„Вокс лукс“ го следи подемот на Селест (Натали Портман) од пепелта на големата национална трагедија до ѕвезденото небо на славата. Филмот, во период од 18 г., низ нејзините очи ги следи важните културни моменти од 1999 г. до 2017 г.
Во 1999 г. тинејџерката Селест (Рафи Кесиди) преживува насилна трагедија. Откако пее на меморијалната служба, Селест, со помош на сестра ѝ (Стејси Мартин) која ѝ ги пишува песните, како и со помош на менаџерот за таленти (Џад Ло), се преобразува во разгалена поп ѕвезда. Метеорскиот подем на Селест и губењето на невиноста се совпаѓаат со страшниот терористички напад врз нацијата, воздигнувајќи ја младата пејачка во нов вид на ѕвезда: американска икона, земско божество, глобална супер-ѕвезда. Во 2017 г., возрасната Селест (Натали Портман) се обидува да се врати на сцената после скандалозниот инцидент кој ја попречува нејзината кариера. Одејќи на турнеја како поддршка за нејзиниот шести албум, збир на научно-фантастични песни под наслов „Вокс лукс“, нескршливата и огорчена поп ѕвезда мора да ги надмине своите лични и семејни проблеми за да се справи со мајчинството, лудилото и едноставната слава во епохата на теророт.

Слики

Вокс луксВокс луксВокс луксВокс луксВокс лукс

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.