Содржина
Франсуа Нуел ја обожава славната трка „Тур де Франс“ и одлучува во неа да учествува на свој начин. Но на сопругата и на синот им ветил одмор, па тие, разочарани, одат сами. Франсуа решава да ја направи својата трка еден ден пред трката на професионалците. Сепак, на крајот, сфаќа што е тоа што навистина вреди...