рејтинг: 6.0/10
Оценка на корисникот: 7.7/10
(45 гласови)

СОДРЖИНА

Падна ноќ над Смитсоновиот институт во Вашингтон. Водичите се веќе дома, светлата се изгасени, учениците се веќе во кревет... Сепак, се подготвува нешто неверојатно, додека ноќниот чувар Лари Дејли е намамен во својата најголема и најнезамислива авантура досега, во која историјата навистина оживува. Во вториот дел од приказната ноќ во музејот, Лари се соочува со толку епска битка која што може да се одвива само во ходниците на најголемиот музеј во светот. Сега, Лари мора да се обиде да ги спаси претходно безживотни пријатели од она што може да биде последна битка меѓу чудата на Смитсоновиот музеј, каде сѐ, од познатите слики на ѕидовите до ракетите во ходниците, одненадеж како да имаат свои мисли. Првиот филм снимен во Смитсоновиот комплекс. Забавата почнува кога Лари ја напушта ниско платената работа како чувар на музеи и станува баран изумител на производи на „Дејли Дивајсес кои се продаваат на телевизија. Изгледа како да има сѐ, но нешто недостига во неговиот живот, нешто што го влече кон старото дувло, Музејот за природна историја, каде еднаш ја доживеа најмагичната ноќ во својот живот. Таму, тој открива нешто вознемирувачко. Неговите омилени експонати, некои од неговите вистински пријатели, станале застарени. Спакувани во сандаци, чекаат да бидат испорачани во огромните архиви на Смитсоновиот комплекс. Судбината им е непозната, но само додека Лари не прими повик за помош од минијатурниот каубој Џебедаја (Овен Вилсон), кој го информира за претстојната катастрофа. Се чини дека новодојдените ги разбудиле новите ископини, вклучувајќи го и египетскиот владетел Камунра (Хенк Азарија), кој е особено нерасположен по 3.000 години дремка. Сега, тој и тројцата најгнасни луѓе од историјата, имено Иван Грозниот (Кристофер Гест), Наполеон Бонапарта (Ален Шабат) и Ал Капоне (Џон Бернтал), заговараат да го заземат музејот (а потоа и светот), при што ја ослободуваат Армијата од подземјето.

Слики

Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2Ноќ во музејот 2

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • Дулитл (2020)

    image
    Откако ја изгуби сопругата пред седум години, ексцентричниот Д-р Џон Дулитл (Downey), познат доктор и ветеринар од Англија на кралицата Викторија, се осамува зад...
  • Мали чудовишта (1989)

    image
    Момче открива неверојатен и страшен свет на чудовишта под својот кревет.
  • Лудата ноќ во музејот: Тајната на фараонот (2014)

    image
    Замислете си да чекорите во светот на најраскошните музеи, каде што чудата и историјата на светот оживуваат. Тоа беше почетниот мотив на филмовите „Лудата ноќ во...
  • Мачор со шапка на д-р Сус (2003)

    image
    Конрад и Сели Валден су сами код куќе са својим љубимцем, рибицом. Напољу пада киша и јако им је досадно. Мистериозни незнанац закуца на њихова врата и потпуно...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.