Содржина
Класичната и модерната магија се среќаваат во оваа епска авантура! Алекс е малтретирано дете кое налетува на магичниот меч Екскалибур. Неговите другари стануваат витези и заедно со маѓесникот Мерлин се борат против расипаната Моргана.
Класичната магија се среќава со модерниот свет во оваа епска авантура, „Детето што ќе стане крал“. Алекс (Луис Ешбурн Серкис) мисли дека е уште едно обично момче, сè додека не налетува на митскиот меч во каменот, Екскалибур. Сега тој мора да ги обедини своите другари и непријатели во група витези и заедно со легендарниот маѓесник Мерлин (Сер Патрик Сјтуарт) започнуваат борба со расипаната маѓесничка Моргана (Ребека Фергусон). Бидејќи се работи за иднината, Алекс мора да стане голем водач каков што никогаш не сонувал дека може да биде.