рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 7.6/10
(5 гласови)

Содржина

Насилен вистинит биографски филм за Еуронимус, лидерот на норвешката хеви-метал група “Мајхем“. За време на краток период на доцните 1980-ти, Еуронимус беше епицентар на сцената која ја втурна уметноста и насилството до страшни екстреми.
Осло. Норвешка. Раните 1990-ти. Нов, бескомпромисен стил на хеви-метал експлодира на алтернативната сцена – вистински норвешки “блек метал“! Експлозивен и брутален, но исто така прекрасен, овој поджанр достигна светска злогласност преку неверојатните достигнувања на своите музичари и преку самоубиствата, убиствата и палењето цркви коишто ја дефинираа сцената. 17-годишниот Еронимус (Рори Калкин) сака да побегне од својот идиличен живот на средната класа. Вклучувајќи неколку фанатични момчиња, Некробучер, Хелхамер и Дед, тој ја создава најзлобната група на светот, Мајхем. Групата наскоро станува позната по својата екстремност за време на настапите и поради морбидниот култ што ги опкружува, но мрачниот свет што го создал Еронимус наскоро почнува да се распаѓа во непријатна низа на убиства и палежи кога смртното непријателство со Варг од групата Бурзум излегува надвор од контрола.

Слики

Господари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосотГосподари на хаосот

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.