Содржина
Во новото продолжение на серијалот „Невозможна мисија“, супершпионот Итан Хант (Том Круз) се пензионира од должноста за да обучува нови агенти на Тимот за невозможни мисии. Но тој одново е повикан во акција за да му се спротивстави на најсилниот непријател со кој се соочил, Овен Давијан (Филип Сејмур Хофман), меѓународен продавач на оружје кој нема ниту каење ниту совест. Хант го собира тимот составен од неговиот стар пријател Лутер Стрикел (Винг Рејмс), експертот за транспорт Деклан (Џонатан Рајс Мејерс), заднинскиот оперативец Жен (Меги Кју), како и младата регрутка Линдси (Кери Расел), за да патуваат низ светот бркајќи го Давијан и обидувајќи се да ја спасат љубовта на Хант, Џулија (Мишел Монаган).