Содржина
Малиот Кун се чувствува заборавено од семејството кога се раѓа сестра му Мираи. Бегајќи од дома, Кун налетува на магична градина која му овозможува да патува низ времето и да ги среќава членовите на семејството од различни епохи.
Кога четиригодишниот Кун се среќава со својата новородена сестра, неговиот свет се превртува наопаку. Бебето Мираи (“иднина“) брзо ги освојува срцата на сите членови на семејството на Кун. Кога мајка му се враќа на работа, а татко му се мачи да го води домаќинството, Кун станува многу љубоморен на бебето Мираи... сè додека еден ден не влетува во градината каде што се среќава со чудни гости од минатото и иднината, вклучувајќи ја и сестра му Мираи како тинејџерка. Заедно, Кун и тинејџерката Мираи одат на патување низ времето и просторот, откривајќи ја неверојатната приказна за нивното семејство. Епски пресврт во кариерата на режисерот Мамору Хосода, „Мираи“ е спектакуларна, магична и длабоко емоционална авантура за врските што ги држат семејствата заедно и нè прават тоа што сме.