Содржина
Слободоумна мајка и нејзините две ќерки – помлада и амбициозна, која е очајна да забремени, и постара која е во брак и има деца и која тукушто ја загубила работата – се мачат да ги балансираат приватниот и професионалниот живот.
Во комедијата „Нема добри домаќинк“, две сестри и нивната мајка се присилени да ги остават разликите зад себе и да проценат како живеат и како раководат со домаќинството. Џорџи е млада, амбициозна девојка, која сака да контролира и е очајна да забремени, но и да се искачи по скалилата во рекламната агенција каде што е вработена. Незината постара сестра Марго е омажена и има три деца, но тукушто ја загубила работата како новинар. Нејзината нова амбиција е да стане мајка што ги испраќа децата на училиште. Нивната боемска мајка Луси е во неволја заради многуте хипотеки на нивниот прекрасен дом. Џорџи и Марго не можат да поднесат да го загубат семејниот дом и бараат начин за спас. Само бонусот што би можела да го заработи Џорџи ако дојде до златна идеја во рекламната кампања може да ги извади од финансиските проблеми. Тоа значи работа со нејзиниот згоден колега Доминик низ која ќе го истражат концептот „модерна домаќинка“, задача што повлекува многу повеќе од тоа што се надевале жените.