Содржина
Кога се создава еден огромен ураган, во еден владин објект на САД влегуваат криминалци. Планот им е да украдат 600 милиони долари. Еден владин агент и еден бркач на бури имаат сопствен план да ги спасат заложниците и да ги спречат крадците.
Кога се појавува закана од еден ураган, едни криминалци се инфилтрираат во владин објект на САД за да украдат 600 милиони долари. Кога ураганот се претвора во смртоносна бура од петта категорија, а нивните планови тргнуваат наопаку, ним им притребува шифрата за сефот што ја знае само една владина агентка (Меги Грејс). Но, агентката има сојузник, а тоа е еден метеоролог (Тоби Кебел) кој е ужаснат од ураганите, но е решен да го спаси својот отуѓен брат кој е киднапиран од крадците. Тој го користи своето познавање за бурата како оружје за да победи во овој акционен трилер преполн со адреналин.