рејтинг: 5.4/10
Оценка на корисникот: 6.3/10
(15 гласови)

Содржина

Еден кошмар кој е одамна закопан во минатото, се враќа за да го прогонува малиот град кога една од најстрашните хорор приказни оживува на начин кој никогаш порано не бил виден. Повторното создавање на филмот од 1981, кој Квентин Тарантино го нарече „најдобриот филм со колење на сите времиња“, МОЈОТ КРВАВ ВАЛЕНТИН 3-Д ги користи најновите неверојатни стереографски технологии за да ја стави публиката насред неверојатно морничавиот кошмар. Пред десет години, една трагедија засекогаш го промени градот Хармони. Том Хенигер, еден неискусен рудар во рудник за јаглен, предизвика инцидент во тунелот кој закопува и убива петмина и го испраќа единствениот преживеан, Хери Ворден во постојана кома. Потоа, по точно една година, на Свети Валентин, Хери Ворден се буди... и брутално убива дваесет и двајца луѓе со рударска секира, пред да биде убиен. По десет години, Том Хенигер се враќа во Хармони на Свети Валентин, сѐ уште прогонуван од смртта која ја има предизвикано. Борејќи се да се помири со минатото, тој се справува и со недефинираните чувства кон својата поранешна девојка, Сара, која сега е мажена за неговиот најдобар пријател, Аксел, градскиот шериф. Но, вечерва, по години мир, се враќа нешто од мрачното минато на Хармони. Носејќи рударска маска, вооружен со рударска секира, еден незапирлив убиец тргнува во акција. И како што неговите чекори се приближуваат, Том, Сара и Аксел, преплашени сфаќаат дека можно е Хери Ворден да е тој кој се враќа по нив.

Слики

Мојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-ДМојот крвав Валентин 3-Д

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Земи ми ја душата (2010)

    image
    Во Ривертон, постои легенда за сериски убиец кој се заколнал дека ќе се врати од мртвите за да ги погуби седумте деца родени на денот кога бил убиен. Шеснаесет...
  • Duh iz Sijera de Kobre (1964)

    image
    Iz straha da je ne pokopaju greškom živu, žena ugradi telefon u svoju grobnicu kako bi mogla nazvati ako zatreba pomoć. Umre i ništa se ne dogodi. Jednoga dana,...
  • Ловци на убијци (2004)

    image
    На изолиран остров доаѓа специјалната единица на ФБИ, обучена за дегинирање на профилот на убиецот. Новите специјалци предводени од Пери (Вал Килмер), ќе се...
  • Книга од крв (2009)

    image
    Експерт за паранормалното открива куќа на раскрсницата на така наречените „патишта“, од која душите на мртвите се изливаат на оној свет.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.